Милошоски: Како претседател на Комисијата за надворешна политика нема да дозволам Фрчкоски да не претставува во ОН

„Фрковски не е за амбасадор во Обединетите Нации“ - ова го потенцираше, Антонио Милошоски, утринава, во својот статус на социјалната мрежа фејзбук. Во него...

Последни вести

(ФОТО) Ѓубриште во Долно Лисиче и во паркот близу Мичурин

Откако „Скопско ехо“ и дел од останатите медиуми објавија за депонијата на кабаст отпад во близина на некогашната слаткарница „Стела“, создадена од немарност и нередовно чистење на т.н. станица за кабаст отпад – од Општина Аеродром, експресно стигна демант на жестоките критики од граѓаните. Иако фотографиите од лице место изгледаат ужасно, општината не отстапува од ставот дека станицата редовно ја чистеле, и во периодот откако ја отвориле подигнале повеќе од 100 кубика кабаст отпад. -Општинската администрација вложува максимални напори да ја одржува хигиената во општината на европско ниво. Токму поради тоа, ја отворивме и првата станица за кабаст отпад со цел граѓаните да го фрлаат отпадот на означена локација. Во наредниот период, како општина, планираме да отвориме и други вакви простори со што ќе ја опфатиме целата територија на Општина Аеродром, изјави Александар Ѓоргиевски од Општината. Станицата за кабаст отпад изгледа само го поттикна револтот па аеродромци кои на ваквото објаснување на Општината одговорија со уште повеќе фотографии, овој пат од дивата депонија во Долно Лисиче, како и од канта со отпад кој буквално протекува надвор и е храна за мачки и кучиња, во маалско паркче близу Мичурин. -Знаеме дека е време на одмори, ама и со работа да се зафатевте!, пишуваат граѓаните на социјалните мрежи. Што се однесува до депонијата во Долно Лисиче, стара болка на Општината, градоначалникот Златко Марин даде ветување дека нема повеќе да постои но сега, односно со месеци не одговара на новинарските прашања. Депонијата пак се шири, има и кабаст но и азбест отпад (за кој постојат протоколи за складирање). Ама, пред се се шири сериозна смрдеа која не ги остава на мир околните жители. Креаторите на депониите јасно е дека се несовесните граѓани, но тие треба да бидат казнети, а општината да ги „збрише“ грдите слики. За жал тие се се уште реалност: ниту свеста кај луѓето проработува, ниту пак општината си ја врши работата.