САД ќе започнат со вакцинација против Ковид-19 пред Божиќ

По Денот на благодарноста, кога бројот на луѓе кои поминаа низ американските аеродроми беше најголем од средината на март, министерот за здравство рече дека...

Последни вести

„О2 Иницијатива“ со апел до пратениците да ги усвојат амандманите на Буџетот наменети за намалување на аерозагадувањето

И покрај фактичката состојба со загадувањето и загрозувањето на животот и здравјето на граѓаните, но и на природата, и за следнава 2021, за буџетот за животна средина се одвоени само 0.49% од средствата и покрај фактот што на основа на даноци за животна средина се собираат 10 пати повеќе средства од тоа што се одвојува за овие цели. Денеска во Собранието започнува амандманската расправа на предложениот буџет за 2021 година. Средствата наменети за намалување на загадувањето, особено на аерозагадувањето, со оглед каде сме и која ни е реалноста, се очајно ниски. Нашите предлози за таа цел беа преточени во амандмани кои сега е клучно владеачкото мнозинство да ги поддржи. Ги повикуваме пратениците, членови на интерпартиската парламентaрна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени, кои се членови на Комисијата за финансирање и буџет да ги поддржат овие амандмани. Секоја година се повторува приказната, од буџетот на државата само фракција оди на заштита на животна средина, каде е вклучено намалување на загадувањето на воздухот, водите, почвите, заштита на природата. На плати и пензии одат над 37% од буџетот, на отплата на задолжувањето, главница и камати, цели 24%, безмалку 1/4 од буџетот. Некаде 1/3 од буџетот останува за сè друго во државава. Јасно е дека се потребни измени во овие соодноси, но додека тоа се случи, средствата за оправање на тешката состојба во која сме во сите сфери на екологијата не смеат да останат вакви какви што се од година во година, а областа е толку централна за нашето здравје и опстанок. Фондот за животна средина е неопходен и не ни е јасно зошто СДСМ ретерираше од ова нивно ветување во изминатиот мандат. Без овој фонд, сликата ќе остане неизменета и секоја година трошки ќе се делат за огромните проблеми со кои се соочуваме во нашиот воздух, води, почви, шуми, природни богатства. Жешките точки стојат нерешени со децении. Тоа не смееме повеќе да го дозволиме. Не може на само една странска компанија, Кромберг и Шуберт, да им се доделат 8 пати поголеми средства од тие наменети за справување со аерозагадувањето од кое годишно животот го губат околу 3,500 лица. Не може и сумата доделена на политичките партии од буџетот да биде неколкукратно поголема од таа за намалување на аерозагадувањето кое предизвикува срцеви и мозочни удари, респираторни заболувања, астма, рак на белите дробови и други форми на канцер. Апелираме за зголемување на средствата наменети за намалување на аерозагадувањето пред сè и решавањето на жешките точки. - Велат од „О2 Иницијатива“ https://www.facebook.com/o2inicijativa/posts/3461411030642866