Мбапе најави заминување следната сезона, Реал Мадрид чека со 200 милиони евра!

Според француските медиуми Мбапе вечерва го известил ПСЖ дека нема да ја искористи опцијата во договорот за да ја продолжи соработката до јуни 2025 година. Со оглед на тоа што следното лето Мбапе може да си замине без обештетување, ПСЖ е на раскрсница.

Француските медиуми пишуваат дека во клубот се уморни од променливото однесување на Килијан Мбапе и ќе го продадат во овој преоден рок. Немаат намера да го пуштат да си замине бесплатно. Сепак, тој нема да биде евтин, а погледите веднаш се насочени кон Реал Мадрид, но и прашањето – дали треба да се платат 200 милиони евра летово за Мбапе?

ПСЖ нема да дозволи играч кој е проценет на 180 милиони евра да си замине без обештетување, а тоа секако ќе биде минималната сума што ќе ја побараат.

Карим Бензема летово го напушти Реал Мадрид и Флорентино Перез како примарна цел ја постави новата „деветка“. Идеалниот одговор е – Мбапе.