Јувентус го понижи Реал Мадрид на пријателскиот натпревар славејќи со убедливи 3-1.
„Старата дама“ во првата минута поведе со 1:0 преку Кин, а 20 минути подоцна гол постигна и новиот играч во тимот Веа. До крајот на првиот дел Реал го намали резултатот преку Винисиус Жуниор.
Во второто полувреме од 77. минута во игра кај Јувентус влезе и Душан Влаховиќ кој го одигра својот прв меч од средината на мај кога се повреди. И веднаш успеа да се запише во листата на стрелците, па во 95. минута стрелаше за конечна победа од 3-1 на својот тим.
https://twitter.com/TodayMatchHD/status/1686920079114653696