Ријад Марез се сели во Ал-Ахли

Манчестер Сити ја прифати понудата на Ал Ахли, па Ријад Марез кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Овој 32-годишен фудбалер во текот на минатата сезона запиша 15 голови во 47 настапи и од неодамна се договори со Ал Ахли.

Се очекува в четврток Марез да ги има лекарските прегледи, по што и официјално ќе потпише договор на три години со опција да биде продолжена соработката.

Лани успеа со „граѓаните“ да освои тројна круна доаѓајќи до трофеите во Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА купот.

Сити се согласи да го продаде и за неговата слобода ќе добие 30 милиони фунти.