Деле Али е класичен пример за пропаднат фудбалски талент, откако некогашната суперѕвезда од времето кога блескаше за Тотенхем за само неколку години успеа да го допре дното во кариерата.
Откако мина неколку неуспешни позајмици Деле Али сега се мачи да најде нов клуб, но некогашниот фудбалски велемајстор го привлече врз себе вниманието со ексклузивното интервју дадено во подкаст-емисијата на Гери Невил, во кое Али говореше за ненормалните услови за време на своето детство.
„На шест години ме малтретираше и сексуално ме злоставуваше пријател на мајка ми. Тој живееше во куќата до нашата. На седум години ме одведоа во Африка за да се научам на дисциплина. Уште тогаш почнав да пушам, а на осум години веќе бев дилер на дрога. Мојата мајка беше алкохоличарка. Еден возрасен човек ми кажа дека полицајците не запираат деца на велосипеди, па јас се возев по соседството и препродавав друго. На 11 години видов како еден сосед се самоуби. На 12-годишна возраст бев посвоен од едно неверојатно семејство. Не можев да пронајдам подобри луѓе поради сето она што го направија за мене. Ако Бог ги создал луѓето да шират добрина по светот, тогаш тие дефинитивно служат на остварување на таа цел“, го прокоментира Деле Али своето траорно детство.
Фудбалерот кој се прослави во Тотнем, сподели дека бил на рехабилитација од зависност од лекови за спиење и дека тоа му помогнало да се освести. Ова се случило годинава, кога се врати од Бешикташ, каде што играше како зајмен играч, иако е член на Евертон.
„Станав зависен од таблети за спиење. Тоа е проблем кој го немам само јас. Се случува во фудбалот многу повеќе отколку што луѓето можат да замислат. Сега е, веројатно, вистинското време да споделам со јавноста. Тешко е да зборувам за тоа, бидејќи се случуваше неодамна и е нешто што упорно го криев и бев уплашен да зборувам. Кога се вратив од Турција, дознав дека морам да одам на операција. Ментално не бев во најдобра состојба. Решив да одам во модерна институција за рехабилитација, која се справува со зависности и со трауми на менталното здравје. Почувствував дека е време. Не може да ви кажат да одите таму, морате сами да ја донесете одлуката. Јас бев во лош период. Се потпирав на нештата што ми штетеа. Се будев секој ден, добивајќи ја борбата со себе да отидам на тренинг со насмевка, да покажам дека сум среќен. Постои стигма за ова. Одењето на рехабилитација е страшно, но никогаш немаше да замислам колку ќе добијам оттаму. Научив дека јас сум во контрола на себеси. А во минатото направив многу глупости за кои сега сам се обвинувам“, вели Деле Али во интервјуто.



