Во преден план тоа се Киеза и Влаховиќ за кои има интерес од клубови од Премиерлигата.
Трансфер експертот Алфредо Педула предупредува дека Јувентус нема намера да ги продаде под цената која мисли дека вредат.
За Киеза одредиле цена од 55-60 милиони евра. За него интерес има од Ливерпул и Њукасл.
Додека за Влаховиќ, Јувентус бара 75-80 милиони евра плус бонуси. Интерес за Србинот има од Челси, тие сакаат во зделката да го вклучат и Лукаку за да ја намалат цената. Но засега нема ништо конкретно.
Јувентус го идентификуваше Ромелу Лукаку како замена за Србинот, а зделката може да биде од взаемна корист за двата клуба, бидејќи и Челси има интерес за Влаховиќ.
Белгиецот Лукаку ја мина ланската сезона на позајмица во Интер и се надеваше дека ќе остане таму, но сега се појави опција да замине и кај најголемите ривали на „нероаѕурите“.
Предлогот на Јувентус до Челси е да се разменат двајцата играчи, при што лондончани ќе платат дополнителни 25 милиони евра. Така ќе се покрие разликата во цената на двајцата напаѓачи. Во оваа фаза сѐ уште не е јасно дали „сините“ се подготвени да направат ваква размена.



