Тој е во последната година од договорот со Лацио, што значи дека ова беше последна шанса за сопственикот Клаудио Лотито да зарбаоти нешто на негова сметка. Во моментов се финализираат последните детали и се очекува наскоро да биде официјализиран на преселбата на Србинот на Блискиот Исток. Лацијалите од неговата продажба би заработиле околу 50 милиони евра, додека останатите 100 милиони ќе завршат на сметка на Милинковиќ-Савиќ во период од најмалку три години.
Ал Хилал веќе почнува да го добива прекарот „Саудиски Реал Мадрид“; со оглед што досега беа ангажирани Жорж Жесус како тренер и Рубен Невеш и Клаудио Кулибали. Покрај српскиот фудбалер, во игра за потпис со овој клуб е и Бернандо Силва од Манчестер сити.



