Јувентус оваа сезона беше казнет со 10 бода во Серија А поради финансиски малверзации и заврши на седмото место на табелата.
Со тоа Јувентус избори пласман во Конферециската лига, но УЕФА отвори истрага за целиот случај и на „бјанконерите“ му се закануваше суспензија од европските натпреварувања.
Казната која Јувентус ја доби во текот на веќе завршената сезона во Серија А, го остави без место во Лигата на шампионите, а италијанскиот клуб допрва официјално ќе дознае и каква ќе биде казната за истите престапи од УЕФА.
Европската фудбалска федерација деновиве ќе потврди каква ќе биде санкцијата за Јувентус, а европските медиуми јавуваат дека тоа ќе биде исклучување од европските купови претстојната сезона.
Во таков случај, Јувентус нема да игра во Конференциската лига, односно ќе паузира од Европа една сезона, но истовремено ќе биде сигурен дека би играл во следната сезона во Лигата на шампионите, со остварен Топ 4 пласман во домашното првенство.



