Попович го продолжи договорот со Сан Антонио

Грег Попович со децении е дел од најголемата кошаркарска елита во светот и важи за еден од најдобрите тренери на сите времиња, а како човек со таков статус, сака да работи во НБА и длабоко во осмата деценија од животот.

Сан Антонио почнува една нова ера со Виктор Вембанјама како играч врз кој ќе се гради тимот, но и покрај тоа што Попович има 74 години, тој се уште се гледа себеси како доволно мотивиран да изведе на прав пат уште една генерација.

Во претходните години имаше многу навестувања дека Грег Попович ќе се пензионира, но тој нема намера да се откаже од работата.

Поради политиката која ја води познатата франшиза, Сан Антонио не сакаше да открива финансиски детали од договорот, но добро упатениот Војнаровски сепак се повика на свои извори и обелодени дека новата зделка ќе му донесе на Грег преку 80 милиони долари.