Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе стартува од пол-позицијата на Формула 1 трката за Големата награда на Велика Британија, откако беше најдобар денес во квалификациите.
Двократниот светски шампион, победник на последните пет трки, оствари време од 1:26.720 минути и ја освои својата седма пол-позиција во овогодинешниот шампионат, вкупно 27-ма во својата кариера. Ја замолкна публиката која веќе со нетрпение ја очекуваше првата стартна позиција на возачот на Мекларен, миленикот на навивачите Норис.
Верстапен зад себе го остави дуото на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри. Норис беше за 0,241 секунди побавен од Верстапен, додека Пиастри заостана 0,372 секунди.
Зад тројцата најбрзи се Шарл Леклер, Карлос Саинц, Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Александар Албон, Фернандо Алонсо и Пјер Гасли.
Трката на патеката „Силверстоун“ се вози утре од 16:00 часот.



