Младинките загубија од Данска, втор пораз на ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години го забележа и вториот пораз на Европското првенство.

Откако вчера подобри од „црвено-жолтите“ девојки беа Црногорките, денеска очекувано избраничките на Јулијана Дамчевска беа поразени од еден од најголемите фаворити за титулата Данска (27-39).

Данска беше голем фаворит во овој меч, поразот не беше изненадување. Македонија само во првите десетина минути беше рамноправна кога резултатот беше 5-5, потоа Данките со серија од 4-0 се одлепија на 9-5 и до крајот ја зголемуваа предноста за конечни 39-27.

Ива Младеновска со седум гола беше наша најдобра ракометарка на теренот, додека Скљони со 11 гола беше прво име на мечот и предводник на Данска.

Следниот натпревар за Македонија е дуелот со Чешка.