Мурињо е новиот тренер на италијанскиот гигант Рома. Тој потпиша договор со клубот до 2024 година, а тимот ќе започне да го води од крајот на тековната сезона.
Според Скај Спорт Италија се очекува Мурињо да заработи седум милиони евра годишно во Рома, што е голема разлика од 16-те милиони евра што ги имаше во Тотенхем.
Сепак Мурињо ќе заработи исто во првата сезона како во Лондон, а причината е што англискиот клуб се согласи да исплати дел од неговата плата во првата сезона.
Дополнителни договорот е поткрепен со посебна даночна одредба во Италија. Имено, данокот се намалува за 50% за луѓето кои го пренесуваат своето живеалиште и деловно работење во Италија најмалку две години, ако не живееле во таа земја во последните три години.
Истата одредба значи дека тој ќе плати „само“ 100 илјади евра данок на доход од странство, што му е многу важно заради спонзорските договори.
Спортскиот директор на Рома, Тијаго Пинто е многу горд на доаѓањето на славниот Португалец.
“Бевме импресионирани од неговата желба за победа и неговата страст за фудбалската игра. Тој освои толку многу трофеи во својата кариера, но фасцинантно е што не му е грижа што се случуваше во минатото. Тој секогаш е фокусиран на следниот трофеј. Мурињно има знаење, искуство и знае како да го води тимот во сите натпреварувања. Свесни сме колку време, трпеливост и вистинските луѓе заземаат на вистинското место за да можеме да изградиме успешен спортски проект, рече тој за Тутоспорт.