(ФОТО) Ова е тимот на годината според „Л’Екип“, во него нема место за Меси

Реномираниот француски медиум „Л’Екип“ состави идеален тим, најдобрата единаесетка од во 2020 година.

Во изборот на „Л’Екип“ сосема очекувано доминира Баерн Минхен, тим кој ги освои сите можни титули како на домашната така и меѓународната сцена, па затоа во тимот се голманот Нојер, левиот бек Дејвис, потоа Кимих, напаѓачот Левандовски, но и Тијаго Алкантара кој блескаше во дресот на „баварците“ пред минатото лето да се пресели во Ливерпул.

Останатите позиции се наменети за Рамос, Ван Дајк, Александер Арнолд, Де Брујн, Нејмар и Роналдо.

Она што најмногу падна во очи на фудбалските фанови е што во најдобрата екипа немаше место за Лео Меси кој со Барса не освои ниту еден трофеј, ама имаше одлична статистика кога се во прашање головите и асистенциите.