Македонските ракометари се собраа во рамките на неделата на ЕХФ, недостасуваат доста важни играчи

Македонската ракометна репрезентација, денеска го имаше првото собирање во рамките на неделата на ЕХФ и ќе му бидат на располагање на селекторот Данило Брестовац.

Во следните неколку дена Брестовац ќе има можност да експериментира со млади ракометари, во пресрет на дуелите со репрезентацијата на Чиле. Македонија е прва замена за Светското првенство во Египет, кое започнува за 10 дена, во случај некоја репрезентација да го откаже учеството.

На првото собирање за 2021 година, недостасуваа добро познатите имиња како Георгиевски, Маркоски, Манасков и Стоилов.