Италија ќе ги направи тестовите за коронавирус задолжителни за луѓето што патуваат од Велика Британија, Холандија, Белгија и Чешка, објави министерот за здравство Роберто Сперанца, пренесува БТА. .
„Инфекциите се зголемуваат низ цела Европа, исто така и во Италија“, напиша тој на Фејсбук.
„Потпишав уредба со која се прави тестирање на коронавирус задолжително за патници од Белгија, Холандија, Велика Британија и Чешка“, рече тој.
Италијанскиот парламент го одобри продолжувањето на вонредната состојба КОВИД-19 до 31 јануари следната година. Носењето маски и на отворено е задолжително низ Италија од 7 октомври. Казните се движат од 400 до 1.000 евра.