Ќе се вратиме во срцето на Европа како независна држава, напиша на „Твитер“ премиерката на Шкотска, Никола Стурџен. Според неа, брегзитот ќе го забрза патот за независност на Шкотска.
https://twitter.com/NicolaSturgeon/status/1223380744833261570?s=20
И владејачката Национална партија на Шкотска се огласи на „Твитер“ по брегзитот.
Тие објавија фотографија на која се гледа симболично вклучено светло со порака: „Шкотска ѝ испрати порака на Европа во Брисел“, како дел од кампањата #LeaveALigthOn (оставете вклучено светло).
На референдумот за независност во 2014 година, 55 отсто од шкотските гласачи беа „против“, а 45 отсто беа за. Но, во 2016 година, 62 отсто од гласачите беа против напуштање на ЕУ.
Анкетата на YouGov оваа недела покажа дека 51% од шкотските гласачи ја поддржуваат независноста.