Италијанската полиција соопшти дека ја разоткрила мафијашката мрежа во Сицилија која проневерила милиони евра од европски фондови наменети за земјоделците.
94 лица беа уапсени во акцијата што ја започна денес полицијата против мафијата Торторичи , соопшти обвинителството на Месина.
Меѓу уапсените има двајца водачи на семејството на мафијата, еден нотар, претприемачи и јавни службеници обвинети за пристап до тие европски фондови.
Од 2013 година, мафијата Торторичи, именувана по град лоциран во северо-источните планини на Небродија, проневерила скоро 10 милиони евра од европските фондови, според јавниот радиодифузер Раи24.
За да се го добие европското финансирање, групата лажно пријавувала сопственост на земјиште што во реалноста им припаѓало на регионот и на локалните заедници.
Операцијата се засновала на соучесништво од вработен во јавната агенција надлежна за земјоделски субвенции, кои дистрибуирале европски фондови на земјоделците, како и центри одговорни за помош на земјоделците во нивните барања за помош.
Во обвинението, судијата Серџо Матрони рече дека измамата се заснова на „безусловна поддршка“ на вработените кои ги имаа потребните знаења да ја доведат мафијата во центарот на нервниот систем на јавно финансирање и да ги искористат дефектите на слабата контрола.
Од уапсените, 48 се задржани во притвор, а други се во домашен притвор, соопшти полицијата.