Со автомобил влета во туристи и уби шестмина

Најмалку шест туристи загинале во регионот Алто Адиге во италијанскиот јужен Тирол, на границата меѓу Италија и Австрија, откако патнички автомобил удрил во група од најмалку 17 лица, јавуваат денеска италијанските медиуми.

Жртвите биле германски државјани, објави новинската агенција Анса.

Тие излегле од еден од локалите и стоеле веднаш до туристичкиот автобус кога во нив влетал автомобил.

Во несреќата повредени се 11 лица, од кои тројца се во сериозна состојба.

Најтешко повредената жена била пренесена со хеликоптер во болницата во Инсбрук.

Според првичните информации, несреќата ја предизвикал млад човек на 28 години кој имал многу високо ниво на алкохол во крвта.