Американскиот претседател Доналд Трамп го игнорираше предупредувањето на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун за „Божиќен подарок“, изјавувајќи дека Соединетите држави успешно ќе се справат со тоа и дека тоа може да биде „убав подарок“.
“Можеби тоа е убав подарок. Можеби тие ќе ми дадат убава вазна”, им рече Трамп на новинарите во одморалиштето Мар-а-Лаго.
Предупредувањето се случи на почетокот на декември.
Тој додаде дека САД ќе дознаат што е изненадување и успешно ќе го решат, пренесува Ројтерс.
„Ќе видиме што се случува“, рече Трамп.
На почетокот на декември, севернокорејските власти предупредуваа на можни „Божиќни подароци“, велејќи дека на администрацијата на Трамп и истекува времето за да ги спаси нуклеарните разговори и дека од тоа зависи кој „Божиќен подарок“ сака да го добие Вашингтон од Пјонгјанг.