Италија се подготвува да се збогува со поранешниот премиер и лидер на централнодесничарската партија „Форца Италија“, медиумскиот магнат и милијардер Силвио Берлускони.
АНСА пренесува дека италијанската Влада утрешниот ден го прогласи за национален ден на жалост, на денот кога ќе биде организирана државната погребна церемонија во миланската катедрала.
Погребот на Берлускони ќе се одржи во 15 часот, а церемонијата ќе ја предводи миланскиот надбискуп монсињор Марио Делпини.