Во Соединетите Американски Држави секоја година се зголемува бројот на лица убиени од страна на полицијата. Повеќе од половина од убиените носеле огнено оружје, но повеќе од сто лица биле невооружени или не е познато дали тие имале оружје.
До сега годинава убиени се 885 лица по различни основи, од кои 12 лица се под 18 годишна возраст.
Речиси илјада луѓе беа убиени од полицијата минатата година во САД, а приближен број беа убиени во 2017 и 2016 година, според податоците собрани од „Вашингтон пост“.
Во 2018 година убиени се 992 лица. Поголемиот дел од убиените се Белци, 452, но бројот на убиени црнци е релативно голем (229), со оглед дека тринаесет проценти од Американците припаѓаат на оваа група.
Повеќе од половина од убиените носеле огнено оружје, но повеќе од сто лица биле невооружени или не е познато дали тие имале оружје. Во 35 случаи, убиецот имал играчка како оружје.
Знаци на ментална болест покажале повеќе од 200 убиени.
Извор: „Вашингтон Пост“