Учесниците во упадот во Капитол може да добијат затвор до 20 години

Американскиот адвокат Мајкл Шервин изјави дека некои обвиненија во врска со упадот во Капитол може да резултираат со 20 години затвор.

„Некои од обвиненијата се сериозни, со затвор до 20 години“, рече Шервин на прес-конференција.

Тој истакна дека ФБИ и обвинителите работат низ целата земја, во потрага по оние кои извршиле сериозни злосторства што може да дадат знаци на заговор.

Спроведувањето на законот се фокусира и на случаи поврзани со нелегално поседување оружје и распрскувачки материи. Шервин вети дека ќе бидат пронајдени оние кои можеби поставиле експлозивни направи во зградата во Капитол.

„Ако влеговте на територијата (на Капитол) или поставите експлозивна направа, ќе бидете пронајдени“, рече обвинителот.