Трамп нема да оди на инаугурацијата на Бајден

Претседателот на САД во заминување, Доналд Трамп соопшти дека нема да присуствува на инаугурацијата на неговиот наследник Џозеф Бајден.

„За сите што прашаа, нема да одам на инаугурацијата на 20 јануари“, напиша Трамп на Твитер.

Конгресот на САД во четвртокот ја потврди победата на Бајден на претседателските избори на 3 ноември. Сесијата беше прекината неколку часа, бидејќи приврзаниците на Трамп упаднаа во Капитол Хил. Во немирите загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец.