Ли Менг Јан, кинески виролог, тврди дека коронавирусот настанал во воена лабораторија во Кина.
Таа го обвинува Пекинг дека го фабрификувал геномот на вирусот за да го прикрие фактот дека развил биооружје.
Таа наведува дека вирусот е значајно вирулентен и може да предизвика големи жртви. Многу е заразен и лесно се пренесува, често преку респираторен пат во облик на аеросоли. Релативно е отпорен на промените во животната средина, може да издржи транспорт и способен е за целно испуштање.
Професорката Ли Менг и нејзините тројца колеги на повеќе од 50 страници тврдат дека вирусот SARS-KoV-2 настанал во неколку светски лаборатории, од кои оние во Кина се под контрола на тамошната војска.
Докторката од 28 април живее во САД. Во Америка професорката е дочекана како „кинески Сноуден“ и треба да сведочи за одговорноста на Кина за појавата на заразата.
Во меѓувреме, кон средината на септември суспендирани ѝ се налозите на социјалните мрежи во САД, откако на Фокс њуз зборуваше за биотероризмот. Минатата недела нејзината мајка била уапсена во Кина.
Нејзиниот најнов труд веројатно нема да ѝ донесе популарност во Светската здравствена организација.