Аргентина и Мексико ќе формираат нова вселенска агенција

Аргентина и Мексико се согласија да работат на создавање на нова вселенска агенција. Агенцијата ќе ги обедини земјите од Латинска Америка и Карибите, објави аргентинското Министерство за надворешни работи.

Министерството појасни дека декларацијата потпишана меѓу страните е резултат на договорите постигнати на почетокот на јули на регионалниот состанок за вселената.