Регионалната влада на шпанската престолнина Мадрид нареди заклучување од понеделник во некои од посиромашните области на градот и неговите периферии во кои живеат околу 850 000 луѓе, по напливот на инфекции со коронавирусот.
Регионалната лидерка Изабел Дијаз Ајузо во петокот рече дека движењето меѓу и во областите во шест области ќе биде ограничено, но луѓето ќе можат да одат на работа во најтешко погодениот регион во Шпанија.
Жителите во посиромашните области во Мадрид претходно изјавија дека се чувствуваат напуштено, стигматизирано и стравуваат дека со нови ограничувања ќе им се одземе приходот.
По објавата, неколку стотици демонстранти се собраа пред канцелариите на регионалната влада во Мадрид за да побараат Ајусо да се повлече од функција.
Ајузо, која привлече критики за изјавата оваа недела „начинот на живот на имигрантите“ е делумно виновен за зголемувањето на случаите, рече дека областите се избрани затоа што нивото на зараза таму надминува 1.000 на 100.000 луѓе.
Во Шпанија е забележано повеќе од 11.000 нови случаи на кронавирус, додека 162 ја загубија битката со вирусот. Вкупно до сега заразени се повеќе од 625.000 луѓе, а повеќе од 30.400 починале, покажуваат податоците на Министерството за здравство.