Русија ја регистрира првата вакцина во светот против коронавирусот

Првата вакцина во светот против коронавирусот е регистрирана во Русија, изјави денеска претседателот на земјата, Владимир Путин.

Вакцината, изработена од Националниот центар за истражување Гамалеја, добила официјална регистрација во руското Министерство за здравство, рече Путин на средбата со членовите на владата во Москва.

Путин рече дека испитувањата на вакцините дале позитивни резултати и сите волонтери стекнале имунитет на коронавирусот.

Вакцината се заснова на аденовирус и ги задржува мртвите делови на КОВИД-19 кои не можат да се репродуцираат што ги прави безбедни, рече Александар Гинтзбург, шеф на центарот.

Сепак, вакцината може да предизвика имунолошки одговор од внесувањето на туѓо тело како што е треска, додаде тој.

Во Русија се потврдени околу 891.000 случаи на коронавирусот.