Францускиот претседател Емануел Макрон ja назначи новатa влада предводена од премиерот Жан Кастекс.
Генералниот секретар на Елисејската палата, Алексис Колер, ја претстави новоназначената Влада на Франција, на чело со премиерот Жан Кастекс, три дена по оставката на сега поранешниот премиер Едуард Филипе.
Според Колер, во новиот кабинет на француската влада има вкупно 31 лице, 17 жени и 14 мажи.
На новата влада се приклучија и нови имиња. Барбара Помпили, која во 2016 година беше претседател на парламентарната група на „Зелена партија“ (ЕЕЛВ) и тогашен државен министер за биодиверзитет за време на мандатот на претседателот Франсоа Оланд, е назначена за министер за животна средина.
Ерик Дупон-Морети, познат француски кривичен адвокат, е назначен за министер за правда. Назначувањето на Морети за министер предизвика големо изненадување во Франција.
Розелин Бачелот е назначена за министер за култура, која ја имаше функцијата двапати претходно, за време на мандатот на Жак Ширак и Никола Саркози.
Елизабет Морено, која е родена во 1970 година на островот Сантијаго и се пресели во Франција во 1977 година, ќе биде министер задолжен за еднаквост меѓу мажите и жените.
Поранешната министерка за животна средина Елизабет Борн го презема Министерството за труд, поранешниот министер за финансии Жерард Дарманин го води министерството за внатрешни работи, а поранешниот министер за физичко планирање ќе работи како министер за земјоделство и храна.
Ова ќе биде втора влада на Макрон од неговото стапувањето на должноста претседател. Филип, кој беше унапреден во премиер откако Макрон беше избран за претседател, ја донесе својата одлука за оставка на 3 јули, која беше прифатена.
Оставката на Филип е резултат на долгогодишно несогласување со Макрон околу решавањето на социјалната и економската криза во земјата.
Новиот кабинет ќе го одржи својот прв состанок утре под претседателство на Емануел Макрон.