Соединетите држави се пред Италија според бројот на починати од коронавирусот, според Worldometer.
САД според податоците од синоќа има 20.304 жртви од 525.559 заразени.
„Оваа состојба е затоа што мерки на масовно тестирање и социјалното растојание не беа спроведени доволно рано за да се спречат толку многу луѓе да бидат заразени и починат од вирусот“,сметаат експертите.
„Делови од Америка сè уште не се во мирување, создавајќи можност да го шират вирусот на области кои не претрпеле толку многу како Њујорк или Њу Џерси“.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, вчера објави дека школите во градот, во кои има 1,1 милиони ученици, нема да одат на училиште до крајот на учебната година за да се спречи ширењето на коронавирусот во градот, што е епицентарот на заразата во Соединетите држави.
Училиштата се затворени од 16 март. Тешкотии со наставата преку Интернет во овој град се должи на големиот број ученици од сиромашните семејства кои немаат пристап до Интернет, а со тоа и на часови.
Де Бласио долго време се спротивставува на затворањето на училиштата, велејќи дека стравува дека здравствените работници ќе мора да останат дома за да се грижат за своите деца и дека стотици илјади сиромашни ученици ќе гладуваат без бесплатните училишни оброци.