Во тек е потрага по сторителот, откако три лица беа прободени со нож во вчеравечер на преполната шопинг-улица во холандскиот град Хаг, соопшти полицијата.
Тројца малолетни лица се повредени во трговскиот округ Гроте Маркстрат, соопшти полицијата. Нивната состојба останува непозната.
Прободувањето се случило во една од главните трговски улици во близина на центарот на Хаг.
Видеата и фотографиите објавени на Интернет покажуваат дека толпа купувачи бегаат по инцидентот.
Ема Еверс отишла на шопинг со нејзината мајка, но тие се разделиле кога луѓето почнале да трчаат.
„Сфатив дека нешто се случува. Почнав да трчам и бев во паника затоа што не можев да ја најдам мајка ми“, изјави таа.
Полицијата соопшти дека повеќе луѓе биле повредени додека толпа купувачи почнала да бега од продавниците на Гроте Маркстрат.
Но, се чини дека „нема индикации за терористички мотив“, објави холандскиот национален радиодифузер НОС, повикувајќи се на неименувани извори.
Инцидентот се случил на прометна трговска улица во близина на Биненохоф, Холандија.
Настанот се случил неколку часа откако еден маж беше застрелан во центарот на Лондон од полициски службеници, во инцидент со терористичко прободување, при што голем број луѓе беа повредени.