На почетокот на денешната пленарна седница на Собранието на Република Македонија, претседателот Талат Џафери им ги констатира оставките на четворица пратеници, по што ја задолжи Државната изборна комисија да достави извештај за тоа кој се следните пратеници кои треба да влезат во Собранието.
Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања заседаваше по Извештајот од ДИК и му предложи на парламентот да ги верификува мандатите на новите пратеници.
На местото на досегашниот пратеник Игор Дурловски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа Мирче Аџиоски од Струга.
На местото на Бајрам Реџепи од редовите на ДУИ доаѓа Рина Ајдари од Порој, Тетово.
Мухамед Зеќири ќе го замени Мирослав Јовановиќ од Куманово, од листата на кандидати на СДСМ од втората изборна единица.
На местото на Сања Лукаревска доаѓа Лидија Тасевска од Куманово од листата на СДСМ во втората изборна единица.