Четворица пратеници си поднесоа оставка во Парламентот

На почетокот на пленарната седница претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери извести дека до него се поднесени оставки од четворица пратеници.

Собранието им ги констатира оставките на пратениците по што се очекува да им се верификува мандатот на следните пратеници од листите од кои се избрани пратениците кои поднесоа оставки.

Ова се пратениците кои поднесоа оставки од пратеничката функција:

Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ

Сања Лукаревска од СДСМ

Мухамед Зеќири од СДСМ

Бајрам Реџепи од ДУИ

Ниту еден од пратениците не ја образложи усно оставката, по што претседателот на Собранието им ги констатира оставките.

Кој ќе биде нивниот следен ангажман, ќе бидете навремено известени.