Од денес влез во Македонија и Косово без ПЦР тест

Од денеска граѓаните на Косово и Северна Македонија можат да направат влез во двете земји без потреба од негативен ПЦР тест.

Од Владата вчера апелираа до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.

Инаку, Владата вчера извести дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина сепак нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.

Извор: ТВ21