Сите знаеме колку е важна водата. Редовното пиење вода има голем број придобивки, одржувањето на бубрезите здрави, но и вашата кожа, мозок и дигестивниот систем се само некои од нив.
За време на летните месеци, кога температурите се повисоки, водата е особено важна, и ако не ја внесувате во доволни количини, вашето тело тоа јасно ќе ви го каже.
“Во текот на летото, телото губи повеќе течност преку потење и дишење и го зголемува ризикот од дехидрираност. Најчестиот показател за недостаток на вода е жед, а може да се појават и главоболки, замор, сува уста и гадење”, изјави д-р Кит Гримс за „Метро“.
Знаци дека пиете многу малку вода се:
- жед
- главоболка
- урина со темно жолта боја или силен мирис
- вртоглавица
- гадење
- сува уста
- сува кожа
- лош здив
- замор
- проблеми со концентрацијата
- ретко мокрење
Горенаведените симптоми укажуваат на блага дехидрација, но во тешки случаи потребно е да се консултирате со лекар. Направете го ова ако имате слаб пулс, не сте уринирале цел ден, се чувствувате болни кога станувате или сте збунети и декоцентрирани. Потребна е посебна претпазливост кај децата и постарата популација, како и кај спортистите затоа што имаат поголем ризик од дехидрација.
Исто така, ако сте дехидрирани, не пијте голема количина вода одеднаш, туку почесто земајте помали голтки.