Четири намирници кои ви го намалуваат апетитот и спречуваат прејадување

Прејадувањето е чест проблем кај луѓето што се обидуваат да изгубат тежина. Тие внимателно ги пресметуваат сите калории и се лишуваат од „забранетата“ храна, а тоа може да доведе до прејадување и да ги уништи посакуваните резултати.

Вистинскиот пат до посакуваната линија е урамнотежена и редовна диета која вклучува храна богата со растителни влакна кои го потиснуваат апетитот и помагаат да не му наштетите на стомакот.

Овие намирници се сметаат за природни методи за борба против гладот.

Екстракт од зелен чај

Екстракт од зелен чај е одлично средство за согорување на маснотиите и намалување на апетитот. Содржи две главни соединенија кои помагаат во процесот на слабеење – кофеинот и катехините. Студиите сугерираат дека катехините исто така помагаат во зајакнувањето на метаболизмот, што е клучно кога планирате да ја намалите тежината.

Пијте од 200 до 250 мл зелен чај два пати на ден за ефективни резултати.

Бадеми

Јаткастите плодови се сметаат за одлична закуска во борба против гладот ​​во попладневните часови. Но, препорачливо е да користите бадеми што се полни со растителни влакна, тие се богат извор на антиоксиданти, витамин Е и магнезиум. Јадете по неколку бадеми кога чувствувате ненадеен наплив на глад.

Ѓумбир

Ова растение има неверојатни лековити својства. Го стимулира дигестивниот систем, го ублажува гадење и го потиснува апетитот. Според една мала студија од 2012 година, мажите кои консумирале ѓумбир за време на појадокот, се чувствувале заситено најмалку три часа по оброкот.

Може да консумирате чај од ѓумбир или дури и додатоци од ѓумбир по консултација со лекар, пишува Индекс.

Кафе

Поради високата содржина на кофеин, кафето не е баш добро за здравјето. Но, кога станува збор за губење на тежината, може да биде од корист. Кафето го намалува апетитот, го зголемува согорувањето на калориите и расипувањето на мастите. Важно е да се има предвид дека ова се однесува на црното кафе, а не омиленото кај многумина, кафе со млеко и шеќер.

Пијте 200 до 250 мл кафе двапати на ден.