Редовното внесување на хмељ во организмот може да го подобри расположението и да го намали нивото на стрес, но и да ја подобри концентрацијата, покажа неодамнешната студија.
Студијата е спроведена од јапонски научници кои откриле дека кај субјекти кои земале додатоци засновани на горчлив хмељ, нивото на концентрација се зголемило, тие можеле подобро да запомнат одредени настани и да имаат подобри резултати во решавањето на загатките.
Резултатите од студијата сугерираат дека киселината „MHBA“ која се наоѓа во хмељот може да игра голема улога во спречувањето на деменција.
На Медицинскиот факултет „Јунтендо“ и во Фукушима, тестирале 100 испитаници на возраст од 45 до 69 години, кои биле во добра здравствена состојба. На некои им беше дадена плацебо, додека на други им била дадена киселина МХБА.
На почетокот од студијата субјектите биле подложени на низа интелектуални тестови кои биле повторени 12 недели подоцна.
Тие анализирале примероци на плунка и крв за да го проверат ефектот на хормоните врз телото и нивната поврзаност со когнитивните функции и стресот.
„Забележавме како се зголеми нивото на концентрација и се намали стресот по невропсихолошките тестови кај субјектите кои примале додатоци на МХБА“, велат научниците.
Студијата покажа дека МХБА помогна да се забрзаат интелектуалните процеси, да се зголеми концентрацијата и да се намали психолошкиот стрес после интелектуалниот замор кај здрави луѓе на возраст од 45 до 69 години.
Исто така, раната интервенција преку дополнување MХBA кај луѓе со когнитивен пад ги подобри нивните функции, се вели во извештајот.
Студијата беше објавена во списанието „Journal of Alzheimer’s Disease“, додавајќи дека MХBA помогна да се забрза метаболизмот кај субјектите со прекумерна тежина.
Во случај да се потврди нивното истражување во идните слични дела, може да се докаже дека умерено консумирање пиво помага за подобро здравје.