Сите сме слушнале и запомниле дека треба да ги избегнеме трите бели опасности – шеќер, сол и брашно! Сепак, сите знаеме, понекогаш е тешко да им се одолее. Можеби овие причини ќе ве „принудат“ да бидете поупорни во вашата одлука.
Лебот е омилена храна за многумина без кој не може да си замислат оброк. Лебот го користиме скоро во секој оброк и со секое јадење.
Сепак, јаглехидратите често го прават лебот нездрава храна, особено кога станува збор за белиот леб, оној направен од бело брашно – една од трите бели хранливи опасности.
Ако сте обожавател на бел леб, еве неколку причини зошто се препорачува да го тргнете од менито.
Ќе изгубите тежина предизвикана од задржување на водата
Лебот е полн со јаглени хидрати, а нивното брзо исфрлање од телото преку диета се забележува скоро моментално во форма на губење на тежината. Не станува збор за моментално слабеење, туку станува збор за губење на вода што се собира во организмот. Имено, телото складира јаглехидрати во форма на гликоген, млечна киселина што собира вода. Секој грам јаглени хидрати задржани во телото врзува три до четири пати повеќе вода од неговата тежина.
Веќе нема да бидете гладни цело време
Преработените јаглени хидрати, како што е белиот леб предизвикуваат ненадеен пораст на шеќерот во крвта, кој потоа многу брзо се спушта. Овие промени во мозокот испраќаат нејасни сигнали кои го зголемуваат гладот и копнежот кон храна што нè тера да ја покачиме нашата тежина.
Ова не значи дека треба целосно да го елиминирате лебот од вашата исхрана, туку да ги замените празните калории и белиот леб со оние направени од цели зрна кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.
Вашата енергија ќе се зголеми и ќе ви се подобри варењето
За разлика од интегралниот или црниот, белиот леб не содржи влакна потребни за нормално цревно варење. Таквата храна предизвикува запек и други дигестивни проблеми. После отстранувањето на белиот леб од вашата дневна исхрана и наместо тоа, да се воведе ритуалот на јадење цели зрна, варењето се нормализира.