Надвозник се урна во близина на грчкиот град Патра

Едно лице загина при уривање на мост во изградба денеска во Патра, во западна Грција, соопштија властите. Надлежните додаваат дека едно лице е повредено.

Според грчките медиуми, станува збор за надвозник кој од 2021 година е затворен поради поправки.