Големи поплави во северниот регион на Грција

Ситуацијата е критична, а причинета е голема материјална штета и се евакуирани цели области. на Халкидики улиците се претворени во реки кои носат возила и претставуваат опасност за луѓето, а оштетени се голем број куќи во тој регион. Исто така се соопштува дека бил евакуиран островот Тасос, а пристаништето било затворено. Во Потамија – Кавала, две куќи целосно се уништени, а семејствата биле евакуирани. Многу згради и објекти се поплавени, а бурата продолжува со ист интензитет во северните региони на Грција.

Драматична ситуација е и во Олимпија, на Халкидики, а уништено е училиште во Неа Мармара. Ова е втора природна непогода за краток временски период во истата зона во Халкидики. Освен поплави, Грција ја погоди и земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтер во морето југозападно од Хидра. Засега не се регистрирани жртви и повредени.