Академик Фридман за „360 Степени“: Ова е бугарски јазичен империјализам – разликите меѓу двата јазика се на секое лингвистичко ниво

Академик Виктор Фридман, светски признат лингвист и славист за „360 степени“ зборува за ставот на Бугарската академија на науките за македонскиот јазик.

„Тоа е стара приказна. Во 1979 година ја направија истата работа, а во 1999 година кога за првпат го признаа македонскиот јазик, го признаа само литературниот јазик, значи ова е истата работа што ја повторуваат“, вели Фридман.

Тој вели дека треба да се држи до европските принципи дека секоја држава има право на свои јазици и вели дека ова е нашироко прифатено од светската научна лингвистичка мисла.

„Разликите меѓу македонскиот и бугарскиот јазик се на секое лингвистичко ниво – фонологија, морфологија, синтакса, семантика, било што. Има разлики меѓу бугарски и македонски јазик, дури и моите пријатели кои многу добро разбираат бугарски јазик, кога слушаат македонски ќе ми кажат – абе Виктор, ова е друг јазик, не го разбирам. Има доста разлики меѓу македонски и бугарски. Човек на кого македонски или бугарски не му се мајчин јазик, ако го знае едниот јазик, нема да го разбира другиот“, рече Фридман..

Целиот текст тука.

Бугарската академија на науките: Не постои македонски јазик!