Новиот шкотски вид на коронавирусот откриен во Хрватска

Во Хрватска го нема т.н. англискиот нов вид на коронавирусот, но тој е шкотски и се смета дека и двата вида се шират побрзо од порано, велат експертите.

Шкотскиот вид е откриен во северозападна Хрватска и моментално е присутен кај вкупното население со околу 20 проценти.

Брзото ширење на новите видови на коронавирусот може да биде проблем за понатамошно вакцинирање на населението, бидејќи вакцината исто така ќе мора да се модифицира доколку новиот вид продолжи да се шири.

„Тоа е субмутација на С-протеинот кој е важен за влегување во човечката клетка“, рече хрватскиот научник Иван Џикиќ, професор на Универзитетот Гете и директор на Институтот за биохемија (IBC2) во Франкфурт.

Видот што се појави во Шкотска беше пронајден и во дел од Хрватска.

“Овој протеин е како врата што се отвора за влегување на вирусот. Се појави мутација што овозможува полесен влез. За среќа, досега ниту една од овие мутации не предизвикува посериозен патолошки ефект”, изјави Џикиќ за телевизијата N1 во Загреб.

Шефот на истражување за секвенционирање на вируси во Хрватска, Кристијан Влаховишек од Факултетот за науки, претходно потврди дека во Хрватска не е пронајден англискиот вид на коронавирусот, “но, се најде шкотски вид, кој се шири побрзо. Позаразен вирус значи дека сега помалку од 15, 20 минути контакт е доволно за да не зарази”, рече Влаховишек.