Профитот и општествената одговорност на компаниите

Примарна цел на секоја компанија во своето работење и функционирање е остварувањето на поголем профит за своите сопственици. Долго време од појавата на компаниите нивна основна цел беше максимизирање на профитот на сопствениците. Во фокусот беа единствено сопствениците и нивните интереси.

Денеска на современите компании се гледа како на организации каде што се среќаваат повеќе различни интереси, на сопствениците, вработените, менаџерите, државата, доверителите, добавувачите како и целото општество.

Компанијата како правно лице со свои права и одговорности, кое што работи и функционира во едно општество мора да има одговорен однос. Компанијата треба да придонесува, а не да наштетува на заедницата со своето работење.

Односно денеска се повеќе се дебатира за компаниите не само низ призмата на профитни организации, туку и за нивната општествена одговорност кон заедницата и општеството во целина. Денеска успехот на компаниите носи и обврска за вложување во општетвено одговорни проекти и практики, а општествената одговорност стана глобална идеја, според која ниту една компанија не учествува со своите активности во некој изолиран простор, туку со својата работа станува значаен дел на општествената целина.

Токму затоа од компаниите се очекува, освен грижа за остварување профит и деловни активности, да водат сметка и за околината и општеството каде делуваат во целина.

Покрај тоа што општествената одговорност како концепт е широко прифатена, сеуште помеѓу стручната јавност и бизнисмените постои дебата за тоа до кој степен треба компанијата да се фокусира на промовирањето на општествена одговорност, наспроти генерирањето на поголем профит за сопственици и дали општественото одговорно делување на компанија може да влијае на самиот профитот на компанијата?

Одговорот е да.

На долг рок општественото одговорно однесување на компаниите резултира позитивно за самата компанија. Општествената одговорност на компаниите е диркетно поврзано со репутацијата на самата компанија во јавноста. Односно како јавноста ја перцепира компанијата. Наградата за добрата репутација од економски аспект е поголема профитабилност за корпорацијата. Со доброто и општествено одговорно однесување расте бизнисот и се зголемува профитабилноста.

Преку општествената одговорност се избегнуваат непотребните трошоци за казни, се зголемува вредноста на бизнисот, се подобрува репутацијата, се гради позитивен идентитет на самата компанија, се гради брендот, се зголемува продажбата, се зголемува продуктивноста, се овозможува полесен пристап до капитал и слично.

Општествената одговорност е препознаена од сите, државата, вработените, сопствениците, кредиторите, добавувачите, а најважо од потрошувчите. На тој начин општествената одговорот на долг рок има сериозно влијание на профитот на компанијата.

Денеска не постојан закон во кој е инкорпорирана општествената одговорност како задолжителен концепт, но постојат голем број на препораки од различни светски и домашни организации.  Со инкорпорирањето на овие препораки во деловната стратегија на компанијата, перцепцијата на јавноста за таа компанија значително ќе се подобри.

Охрабрувачки е што забележуваме дека и македонските компании се повеќе и повеќе се фокусираат на развивање корпоративната општествена одговорност. Секоја година расте бројот на домашни компании кои вложуваат во општествено одговорни практики.

Домашните компании се почесто спроведуваат најразлични општествено одговорни кампањи, реклами, активности и донации. Што секако позитивно се одразува на нивната репутација и имиџ како кај домашната така и кај пошироката јавноста. Секако овие практики на на долг рок ќе имаа влијание и ќе се одразат на профитот, растот и развојот на самата компанија.

Сашко Кметовиќ – дипломиран новинар и магистар по корпоративно право