Здраво срце и поголема енергија: Овој чај е поздрав од кафето, а има сличен ефект
Постои голема дилема дали наутро да се консумира чај или кафе, но факт е дека двата пијалоци имаат многу корисни својства.
Омилен пијалок кај луѓето во нашата држава е дефинитивно кафето, особено во раните утрински часови, кога ви треба нешто што за брзо ќе ве освести и ќе ви ја подоби концентрацијата.
Многу се дискутира за тоа кој од овие пијалоци е најдобриот пијалок за појадок, но факт е дека обајцата имаат многу корисни својства. На пример, кафето е одличен извор на антиоксиданти, па затоа може да ве заштити од дијабетес.
Сепак, се чини дека љубителите на чајот се малку повеќе во право, особено кога нивниот омилен пијалок е зелен. Неодамнешна студија спроведена на Медицинскиот центар на универзитетот Колумбија сугерира дека конзумирањето на екстракт од зелен чај може да ја подобри состојбата кај жени заболени од рак на дојка.
Иако е рано да се заклучи дека зелениот чај може да спречи рак, се чини дека сè поголем број студии одат во таа насока. Додека ги чекаме нивните резултати, можеме да погледнеме назад на она што веќе го знаеме за зелениот чај.
Еве неколку здравствени придобивки од консумирање зелен чај:
Поздраво срце – Зелениот чај е исполнет со силни оксиданти кои можат да го намалат вашиот крвен притисок. Слободно додадете малку лимон во шолја зелен чај за дополнителна количина на витамин Ц, што ќе му помогне на вашето тело да апсорбира антиоксиданти.
Повеќе енергија – Научниците открија дека конзумирањето екстракт од зелен чај може да ја зголеми енергијата за скоро 24 проценти!
Топи маснотии – Некои антиоксиданти, присутни во зелениот чај, се вистинско оружје против масните наслаги на стомакот.
Штити од алергии – Јапонски истражувачи открија дека состојка наречена EGCG, антиоксиданс кој се наоѓа во големи количини во зелениот чај, може да го зајакне вашиот имунолошки систем и да ве заштити од разни алергии.