Спанаќ – совршена храна за мозокот!

Спанаќот веќе долго време се рекламира како супер храна во многу земји. Ние добро се сеќаваме дека зелениот зеленчук е омилена храна на морнарот Попај, што го прави силен и здрав. Всушност, спанаќот е богат со витамини и хранливи материи и има многу здравствени придобивки за очите, мозокот и срцето.

Лисјата на растението се богати со протеини, јони на железо и калциум, како и витамини А1, Б1, Б2 и Ц. Доброто е што 100 грама спанаќ содржи околу 25 калории, што го прави идеален за луѓе кои следат диети. Докажано е дека 80 грама свеж и 200 грама варен спанаќ ви обезбедуваат половина од дневната доза на витамин Ц. Содржи минерали како што се натриум, калиум, магнезиум, железо, фосфор, калциум, јод, манган и бакар. Покрај тоа, во нив нема да најдете маснотии и холестерол.

Еве неколку научно поддржани придобивки што можете да ги добиете од конзумирање спанаќ.

1. Богат со хранливи материи

Спанаќот е одличен извор на витамини и минерали кои се добри за вашето здравје. Содржи мали количини на цинк, витамин А, витамин К, каротин, лутеин и зеаксантин – есенцијални хранливи состојки кои на вашето тело му требаат за оптимално функционирање.

2. Корисен за мозокот

Јадењето спанаќ е добро за здравјето на вашиот мозок бидејќи зеленчукот е полн со антиоксиданти како витамин А, лутеин и каротин. „Антиоксидантните ефекти можат да го забават оштетувањето на мозокот поврзано со стареењето“, изјави д-р Јагдиш Хубчандани за „Инсајдер“. Тој додаде дека земањето спанаќ ќе помогне и во одржувањето на когнитивната функција.

Покрај тоа, постојат докази за антистресно дејство на зеленчукот, бидејќи тој успева да ја намали депресијата, како и структурното и функционалното оштетување на мозокот.