Во Хрватска 890 нови случаи на Ковид-19, починати осум лица

Националниот штаб за цивилна заштита соопшти денес дека има 890 нови случаи на заразени со коронавирус и осум починати лица, со што бројот на активни случаи во Хрватска се искачува на 5.519.

Меѓу заболените, 574 пациенти се наоѓаат на болничко лекување, а 32 пациенти се на респиратор. Штабот извести дека починале осум лица.

Од 25 февруари 2020, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, до денес вкупно се забележани 26.863 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 382 починале. Вкупно се излекувале 20.962 лица, од тоа 433 во последните 24 часа.

Во самоизолација моментално се 22.372 лица.