Рекордни 436 случаи на коронавирус се потврдени во Бугарија во последните 24 часа, што е 8% од тестираните 5.431 лице.

Ова го покажуваат податоците во Унифицираниот портал за информации. Вкупниот број на заразени стана 22.306 лица.

Активните случаи се 6 134. 971 пациент се лекува во болница, 57 од нив во одделот за интензивна нега.

Излечените во последните 24 часа се 131.

Најголем број нови случаи на КОВИД-19 има во Софија – 135, следен од Пловдив со 40 заразени, Бургас – со 38, Стара Загора – со 27, Благоевград – со 25. Единствената област во која не се потврдени нови случаи е Видин.

Во последните 24 часа има 35 заразени медицински лица.

Уште 8 лица починаа од инфекцијата. Бројот на загинати од коронавирусот сега е 862.