Втора жртва од коронавирусот во Србија

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, потврди дека уште еден заразен со коронавирусот починал во Србија.

Станува збор за 92-годишна жена која била на респиратор, изјави Лончар.

Според него, пациентот лежел на Клиниката за инфективни болести во Белград и бил хроничен пациент.

„Лекарите направија сè што е во нивна моќ, но нејзиното тело, белите дробови, не можеше да издржи“, рече Лончар.