Во Хрватска има уште едно заболено лице со коронавирус, со што бројот се искачи на 12 заразени лица, потврдија од клиниката за инфективни болести „Д-р. Фран Михаљевиќ“ во Загреб.

Се работи за блиски контакти на вториот заболен од коронавирус во Вараждин, јавуваат од таму.

Во светски рамки, бројот на заразени лица со коронавирус вчера помина над 100.000 лица.