![Buffett Media, Omaha, USA - 07 May 2018](https://akcent.mk/wp-content/uploads/2020/01/warren-buffett-696x392.jpg)
Еден од најголемите инвеститори и извршен директор на Berkshire Hathaway, Ворен Бафет во врска со падот на берзите изјави дека ова може да биде добро време да се купат акции по пониска цена.
Покрај тоа, Бафет посочил дека инвеститорите не би требало да ги следат дневните вести кога донесуваат одлука во врска со тргувувањето на берзи.
Иако денес акциите на светските берзи нагло паднаа, на пример, Dow Jones изгуби повеќе од 800 поени на отворањето, Бафет изјави: „Тоа е добро за нас. Ние сме нето купувач на акции, догорочно гледано“.
„Повеќето луѓе чуваат акции, а би требало да сакаат пазарот да ослабне. Би требало да сакаат да купат по пониска цена“, додаде тој.
Да ве потсетиме, пазарите ширум светот минатата недела завршија во состојба на растечка паника. Не е тешко да се најде причината: коронавирусот продолжува да се шири, а има индиции дека некои од најголемите светски економии би можеле да паднат во рецесија, кога ефектите од појавата на вирусот се мешаат со некои нивни слабости од порано.